Вардар остана без најдобрата одбојкарка, Агуеро замина во Шпанија

Македонскиот одбојкарски вицепрвак во женска конкуренција, ЖОК Вардар, остана без најдобрата одбојкарка во нападот, откако Атила Агуеро реши да замине од клубот и да се пресели во Шпанија.

Кубанката беше одлична во офанзивата и беше една од главните виновнички за пласманот на вардарки во финалето, каде се загуби од Јанта Волеј во „мајсторка“. За неа следен предизвик ќе биде шпанската елита, затоа што потпиша со Киеле Сокуеламос.

Се работи за тим кој три години по ред игра во елитната лига на Шпанија. Новата сезона во женската шпанска одбојка стартува на почетокот на октомври.