Вардар ќе бруси форма за Челинџ купот на турнир во Ниш

Одбојкарскиот клуб Вардар повторно ќе игра во еврокуповите, а како подготовка за натпреварите ќе има настап на пријателски турнир кој ќе се одржи во Ниш.

Покрај Вардар, на турнирот ќе учествуваат шампионот на Србија, екипата на Војводина, Рибница од Краљево и одбојкарскиот клуб Ниш, кој е вицешампион на нашиот северен сосед и организатор на турнирот.

Турнирот ќе се игра на 21 август и 22 август. Сала-домаќин на натпреварите ќе биде „Чаир“. Вардар чека на ждрепката за да го дознае ривалот во Челинџ купот. Покрај Вардар, Македонија во Европа ќе ја претставува и ЏИО Струмица.