Вардар како фурија мина низ Кисела Вода, деби на 14-годишниот Димовски

Одбојкарите на Вардар лесно и убедливо стигнаа до победата и на вториот овосезонски натпревар, на кој „црвено-црните“ му гостуваа во Кисела Вода на тимот на Јанта Волеј и против кого славеа со 3-0 во сетови (25-15, 25-15, 25-17).

Иако Вардар настапи ослабен поради неиграњето на Лепидовски и Џамбазов (се наоѓаат во самоизолација поради контакт со заразено лице од Covid-19), доминираше од почеток до крај на теренот и не дозволи победата во ниту еден момент да биде доведена во прашање.

Добар момент на натпреварот за Вардар беше и дебито на 14-годишниот Теодор Димовски, кој ја оправда довербата на стручниот штаб и даде свој придонес во победата во третиот сет.

Вардар следното коло за противник ќе го има составот на Универзитет Тетово.