Вардар имаше сили само за еден сет, Џио Струмица ќе игра финале против Шутова 

Екипата на Вардар не успеа да направи комплетен пресврт и ја загуби „мајсторката“ со Џио Струмуца, со што шампионот ќе има шанса да го одбрани трофејот во Првата одбојкарска лига на Македонија. 

Вардарци одиграа одлично полуфинале против големиот фаворит. Пред својата публика на доминантен начин со 3-0 успеаја да обезбедат одлучувачки меч, но вечерва во Струмица имаа сили само за еден сет и Џио Струмица со победа од 3-1 заслужено се пласира во борбата за трофејот.

Противник на шампионот во големото финале ќе биде тимот на Шутова, која претходно славеше над Универзитет во Тетово. 

Ако Џио Струмица го освои шампионатот, ќе го повтори ланскиот успех кога исто така ја грабна двојната круна.