• Мартин Танасковски

Македонија за првпат по долго време ќе има два претставника во машка конкуренција во Европа, во името на одбојкарските клубови Вардар и Џио Струмица.
Први се пријавија вардарци, па следеше пријава и на струмичани за настап во Челинџ купот. Двата македонски тима се на листата, а веќе се познати и ривалите против кои може да играат во натпреварувањето.
Нашата земја ќе има екипа и во женските еврокупови каде ќе игра одбојкарскиот клуб Вардар. Машкиот колектив на Вардар лани се врати во Европа и играше во Челинџ купот, но во двомеч испадна од чешка Карвина.
- Пријавените екипи во Челинџ купот:
