Вардар го загуби првиот меч на турнирот во Ниш

Одбојкарскиот клуб Вардар со пораз ги отвори настапите на турнирот во Ниш и беше немоќен во средбата со српскиот првак.

„Црвено-црните“ не можеа да парираат на Војводина и загубија со 0-3 во сетови (13-25, 17-25, 20-25). Поради поразот македонскиот тим ќе игра за третото место, а ќе се соочи со домаќинот Ниш или екипата на Рибница.

Вардар со овие настапи билда форма за Челинџ купот каде ќе игра втора година по ред и каде ривал ќе биде Волеј Камник од Словенија.