Вардар го намачи лидерот Џио Струмица, голема победа за Шутова во Тетово

Дерби натпреварите од третото коло од Втората фаза на одбојкарскиот шампионат на Македонија траеја по пет сета. Шутова оствари голема победа на гости против Универзитет во Тетово, а Џио Струмица го совлада Вардар во Скопје, па иако загуби два сета, се уште има стопроцентно постигнување.

Весна Пробиштип ја потврди фаворитската улога против Лирија, но без оглед што е четвртопласирана, се наоѓа под силен притисок во битката за полуфинале. Јанта волеј е доминантна во своето друштво, а УГД Студент и Дибра волеј ја одложија меѓусебната средба.

Втора фаза - 3. коло
Универзитет во Тетово – Шутова 2-3 (18-25, 25-23, 25-20, 20-25, 13-15)
Вардар – Џио Струмица 2-3 (20-25, 23-25, 25-18, 25-21, 13-15)
Весна Пробиштип – Лирија 3-0 (25-17, 25-21, 25-13)
ГОК „Борец – Јанта волеј 0-3 (18-25, 21-25, 14-25)
УГД Студент – Дибра волеј (одложен)

Џио Струмица е лидер со седум бода повеќе од Универзитете во Тетово.