Вардар е лидер во одбојкарскиот шампионат, триумф и за Џио Струмица

Одбојкарскиот клуб Вардар го презеде врвот во одбојкарскиот шампионат, со убедлива победа над УГД Студент без загубен сет - 3-0 (25-15, 25-6, 25-8).

На вечерашниот натпревар на кој Вардар доминираше и имаше мали проблеми само на стартот на првиот сет, најефикасен беше Јовица Симовски со 17 поени, а неговиот клупски колега Стојан Илиев освои 15 поени. Кај УГД Студент, прво име беше Кристијан Ристевски со 13 поени.

И на останатите натпревари во второто коло фаворитите ги оправдаа улогите, па сигурни триумфи без загубен сет забележаа и Џио Струмица, Универзитет Тетово и Лирија. 

Второ коло:
Џио Струмица – Весна Пробиштип 3:0 (25:10, 25:20, 25:17)
Универзитет Тетово – Шкендија 3:0 (25:14, 24:26, 25:16, 25:15)
Борец – Лирија 0:3 (16:25, 11:25, 08:25)
Вардар – УГД Студент 3:0 (25:15, 25:6 и 25:8)

Слободна беше екипата на Дибра волеј.