• Мартин Танасковски
Страшна вест доаѓа од Турција каде е пронајдено безживотното тело на најдобрата одбојкарка на Порторико, Викторија Пилар.
24-годишната девојка играше за Нилуфер Беледиеспор, клуб од Бурса, а нејзиното тело беше пронајдено во станот откако луѓе од клубот ја бараа бидејќи не се појавила на утринскиот тренинг.
Засега не се знае што точно се случило и нема никакви индиции за трагедија. Сите се збогуваат со неа на нејзиниот профил со тажни коментари.