Ускана и Работнички Скопје носат убедливо гостински победи

Со убедлив триумф од 0-3 над домашната екипа Виктори Волеј од Струмица, екипата на Ускана од Кичево ја оствари петтата првенствена победа во седмиот есенски натпревар. Резултатот по сетови беше 15-25, 14-25, 13-25.

Во сите три сета гостинките од Кичево доминираа на паркетот и се стекнаа со недостижно водство за домашната екипа.   

Пелистер Волеј на домашен терен беше надигран од Работнички Скопје, кој извојува лесна победа од 0-3 (11-25, 15-25, 17-25) Сосема заслужена победа на гостинската екипа,  која и пред почетокот на натпреварот беше апсолутен фаворит. Малку поинтересен беше вториот сет во кој на моменти се покажа желба и жар за игра, но во останатите два доминираа одбојкарките на Работнички Скопје.