• Горан Упале

Познати се сите полуфиналисти на машкиот одбојкарски турнир на Олимписките игри во Париз. По првата двојка ќе се сретнат селекциите на Италија и Франција, а вечерва ја добивме и втората - Полска - Соединетите Американски Држави.
Одбојкарските селекции на Бразил и Соединетите Американски Држави водеа голема битка во последното четвртфинале, одиграа уште еден многу квалитетен натпревар во четири сета, а на крајот Американците имаа повеќе сила, концентрација и среќа и славеа со 3-1 во сетови. Така враќањето на Бернандо Резенде и на „сенаторите“ Бруно Резенде, Лукарели, Лукас не донесоа медал, што беше цела на „кариоките“ на олимпискиот турнир.
Првите два сета беа многу драматични, и завршија на разлика. Прво Американците славеа со 26-24, а потоа Бразилците со 30-28. Сепак, по двата возбудливи сета Јужноамериканците паднаа и беа целосно разбиени од високо мотивираните одбојкари на Соединетите Американски Држави.
Двапати со по 25-19 беа доволни за Американците да се пласираат во полуфиналето и да закажат дуел со Полска.
Најефикасен во тимот на Сoeдинетите Американски Држави беше Метју Андерсон со 20 поени, додека Тори Дефалко запиша 16. Во бразилскиот тим се истакна Алан Соуза со 16 поени.