„Универзитетскиот дуел“ во одбојка му припадна на поискусниот

Колото во одбојкарскиот шампионат во Македонија се затвори со „универзитетскиот дуел“ меѓу УГД Тетово и УГД Студент од Штип, а победата им припадна на тетовчани со сигурни 3-0 во сетови.

Штипјани се далеку помлада и понеискусна екипа, па затоа резултатот е таков каков што е. Тетовчани ја оправдаа улогата на фаворит и го комплетираа второто коло во одбојкарската лига на Македонија.

  • Второ коло

Весна Пробиштип – Џио Струмица 0-3 (12-25, 20-25, 10-25)
Јанта волеј – Вардар 0-3 (15-25, 15-25, 17-25)
Лирија – Шкендија 1-3 (25-23, 13-25, 16-25, 22-25)
Дибра волеј – ГОК Борец 0-3 (15-25, 12-25, 21-25)
Универзитет Тетово - Универзитет Штип 3-0

Џио Струмица, Вардар и Шкендија по првите две кола се единствените максимални екипи во одбојкарското првенство.