Универзитет во Тетово заврши втор и со домашна предност ќе го започне полуфиналето со Шутова

Последното коло од втората фаза на одбојкарскиот шампионат на Македонија го потврди очекуваното. Универзитет во Тетово не дозволи изненадување против Весна Пробиштип и славеше со сигурни 3-0 во сетови. Со овој успех го задржа второто место на табелата и полуфиналната серија со Шутова ќе ја започне пред својата публика. 

Шутова наиде на разигран Вардар, но на крај ги покажа сите свои квалитети и заслужено славеше со 3-1 во сетови. Во рамки од 10. коло требаше да се одигра уште еден натпревар, меѓу Џио Струмица и Лирија, но истиот заврши со службен резултат за струмичани, откако Лирија не допатува на ова гостување. 

Покрај дуелот меѓу Универзитет во Тетово и Весна Пробиштип, второто полуфинале од домашниот шампионат го сочинуваат Џио Струмица и Вардар. 

Титулата од минатата сезона ја брани Џио Струмица, екипа која го освои и Купот на Македонија.