Универзитет во Тетово пресилен за УГД Студент

Во четвртото коло од групата A на женскиот одбојкарски шампионат на Македонјија, Универзитет во Тетово во својата сала го скрши отпорот на УГД Студент жени со 3-0 (25-22, 25-23, 26-24) и со третата сезонска победа скокна на второто место во оваа конкуренција.

Како што стојат работите, тетовчанки се многу блиску до Втората фаза -1 во која што ќе учествуваат трите најдобри екипи од двете групи.

Вардар Жени е единствената екипа со максимален број на победи (пет од пет). Со три победи и еден пораз на второто место е Универзитет во Тетово.

Натпреварите од петтото коло се играат в сабота и в недела.