• Зоран Мишевски
Одбојкарите на Универзитет во Тетово се последниот учесник во Првата А лига, кој го обезбедија местото преку „златен сет“ (15-13) во двомечот со Шкендија од претколото од Првата лига мажи.
Во реванш натпреварот Шкендија победи со 3-1 (25-22, 14-25, 26-24, 25-21) и со тоа изедначи на 1-1 во победи, што значеше дека “златен сет” ќе го одлучи подобриот од оваа двојка.
Во решавачкиот сет се играше егал 9-9, по што Универзитет во Тетово покажа поголема решителност во финишот и го освои сетот.
Со овој натпревар е комплетирано претколото и познати учесниците во Првата А и Првата Б лига во регуларниот дел од сезоната кај мажите.