Универзитет во Тетово обезбеди Куп-полуфинале, Џио Струмица го доби првиот меч со Лирија

Шампионот на Македонија, Џио Струмица очекувано немаше проблеми и во три сета го доби првиот четвртфинален меч против Лирија во рамки од Купот на Македонија.

Непоразениот лидер во домашното првенство рутински се справи со противникот на гостински терен. Сега ќе треба да ја доврши работата на втората средба и да го потврди пласманот во полуфиналната фаза.

Меѓу најдобрите четири веќе се пласира уште еден од фаворитите за највисок пласман Универзитет во Тетово кој двапати во ист ден со 3-0 го надигра Весна Пробиштип. Во останатите две четвртфинални соочувања силите ќе ги одмерат Шкендија и Борец, односно Штип и Вардар.

Куп на Македонија (осминафинале)
Први натпревари:

Лирија – Џио Струмица 0-3 (16-25, 14-25, 17-25)
Весна Пробиштип – Универзитет во Тетово 0-3 (18-25, 12-25, 12-25)
Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип 3-0 (25-7, 25-17, 25-15)
Шкендија – ГОК Борец 3-2 (17-25, 25-21, 25-18, 24-26, 15-9)
Штип УГД Штип – Вардар (сабота)