• Зоран Мишевски
Најдраматичниот натпревар од осмото коло на шампионатот на Македонија во одбојка се одигра во Тетово. Екипата на Универзитет во Тетово го совлада Работнички во пет сета, добивајќи го петтиот сет со 15-5.
Сигурни победи запишаа лидерот Струмица 47&72 и Штип УГД.
Прва лига (мажи)
Втора фаза-1, (осмо коло):
Струмица 47&72 – Лирија 3-0 (25-17, 25-19, 25-16)
Весна Пробиштип – Штип УГД 0-3 (7-25, 5-25, 15-25)
Универзитет во Тетово – Работнички 71&22 3-2 (25-21, 18-25, 25-20, 22-25, 15-5)
Водечка е Струмица со максимални деветнаесет бодови и има пет бода повеќе од второпласираниот Работнички. Третото место го држи Штип УГД, а четврти е Универзитет во Тетово.
Прва лига (мажи)
Втора фаза-2 (осмо коло):
Шкендија – Сушево 3-0 (25-10, 25-17, 25-6)
Македонија Џио – ГОК Борец 0-3 (21-25, 24-26, 20-25)
Вардар – Јанта волеј 2-3 (16-25, 19-25, 28-26, 25-23, 9-15)
Водечка се Шкендија и ГОК Борец со биланс 11/8, а трето е Сушево со три бода помалку.