Универзитет во Тетово и ГОК Борец го следат ритамот на Џио Струмица

По победата на Џио Струмица во дербито во Скопје против Вардар, останатите фаворити за висок пласман во одбојкарскиот шампионат на Македонија одговорија со лесни победи,

ГОК Борец и Универзитет во Тетово со победи без загубен сет на домашен терен ја најавија трката за титулата, а Лирија со полн плен се врати од Дебар. 

Седмо коло:
Вардар – Џио Струмица 1-3 (22-25, 18-25, 25-18, 20-25)
Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип 3-0 (25-14, 25-21, 25-13)
ГОК Борец – Јанта волеј 3-0 (25-14, 25-22, 25-13)
Дибра волеј – Лирија 0-3 (14-25, 12-25,18-25).
Штип УГД Штип – Шкендија (понеделник, 18:00)

Џио Струмица е водечка со седум победи од исто толку натпревари, а максимален учинок има и Универзитет во Тетово, но со шест одиграни натпревари.