Универзитет Тетово прв финалист во одбојкарскиот Куп на Македонија

Екипата на Универзитет Тетово во целост ја оправда фаворитската улога и со победа над Шкендија (3-0 во сетови, 25-14, 25-12, 25-21) се пласира во финалето на одбојкарскиот Куп на Македонија.

Тетовчани беа далеку поквалитетен ривал на теренот и квалитетот го покажаа во воведните два сета, кога на противникот не му дозволија да ја пројде границата од 15 реализирани поени. Во третиот сет Шкендија му парираше на Универзитет Тетово, ама тоа беше поради честите ротации.

Во финалето Универзитет Тетово го чека подобриот од натпреварот меѓу Џио Струмица и Вардар. Се очекува тоа да бидат струмичани, кои се први фаворити за круната во Купот на Македонија на завршницата која се игра во салата „Парк“ во Струмица.

Натпреварот меѓу Џио Струмица и Вардар е закажан со почеток од 18:00 часот.