Универзитет во Тетово носи лесни бодови од гостувањето во Пробиштип

Со лесна гостинска победа на Универзитет во Тетово во Пробиштип, синоќа започна новиот 28-ми шампионат на Македонија во одбојка. Само во вториот сет домаќинот Весна Пробиштип беше конкурентен, но на крајот бодовите за минаа во Тетово.

Гостите славеа со лесни 0-3 (17-25, 22-25, 13-25), наметнувајќи ја улогата на фаворит. 

Прво коло:
Весна Пробиштип – Универзитет во Тетово 0-3 (17-25, 22-25, 13-25)
Шкендија – Дибра волеј (сабота 15:00)
УГД Студент – Џио Струмица (сабота 16:00)
Лирија – Вардар (понеделник, 19:00) 
Слободен: ГОК Борец

Титулата од минатата сезона ја бранат одбојкарите на Џио Струмица.