Универзитет Тетово го презеде врвот, значајни победи за Борец и УГД Штип

Одбојкарската лига на Македонија овој викенд ни понуди три средби, до важни победи дојдоа екипите на Универзитет Тетово, ГОК Борец и УГД Штип.

Универзитет Тетово ја оправда фаворитската улога со Јанта Волеј и без загубен сет дојде до посакуваната победа. Борец и УГД Штип испуштија по еден сет, ама ги запишаа посакуваните резултати на гостувањата кај Весна Пробиштип и Лирија.

  • Прва лига (мажи), 4.коло

Јанта волеј – Универзитет во Тетово 0-3 (14-25, 18-25, 15-25)
Весна Пробиштип – ГОК Борец 1-3 (21-25, 25-21, 25-27, 15-25)
Лирија – Штип УГД Штип 1-3 (25-18, 25-27, 18-25, 19-25)
Џио Струмица – Шкендија (одложен – Џио Струмица игра во Челенџ купот)
Дибра волеј – Вардар (одложен – Вардар игра во Челенџ купот)

По четвртото коло, привремен лидер е Универзитет Тетово кој го презеде врвот од Џио Струмица.