Универзитет од Тетово е првиот финалист на Купот на Македонија во одбојка

Одбојкарите на Универзитет од Тетово се првиот финалист на Купот на Македонија во одбојка, откако ја потврдија фаворитската улога и во возратниот натпревар против Вардар. 

Тетовчани славеа со 3-1 пред своите гледачи, откако претходно триумфираа и со 3-2 на гостински терен.

Универзитет од Тетово по сетови славеше со 25-21, 16-25, 25-20, 25-20 во меч кој траеше нешто повеќе од два часа.

Противник на тетовчани во финалето ќе биде победникот од двомечот меѓу Џио Струмица и Шутова. На првиот дуел во Струмица, домашната екипа славеше со 3-1, а возвратното соочување е предвидено за 17 април во Кичево.