Унгарија ја освои бронзата, Хрватска несреќно загуби во „малото финале“

Унгарија

Репрезентацијата на Унгарија го освои бронзениот медал на завршниот турнир во Сребрената европска лига, совладувајќи ја Хрватска во „малото финале“ во Струмица (25-18,18-25, 25-23, 19-25, 15-13).

Унгарците важеа за благи аутсајдери на овој дуел, но покажаа поголема сигурност и концентрација во завршницата и заслужено се израдуваа на третото место во натпреварувањето.

Првите два сета завршија со идентичен резултат, но со различен победник. По воведното испитување на силите, унгарските одбојкари го добија драматичниот трет сет и застанаа на чекор од победа. Сепак, Хрватите возвратија во продолжението и со убедлива игра обезбедија петти сет.

Моментот се префрли на страна на „коцкестите“, кои цело време имаа водство во петтиот сет. Унгарците во еден момент целосно се вратија и направија пресврт, а на крај со одлична игра на блокерите ја запечатија победата.

  • Комплетниот натпревар меѓу Унгарија и Хрватска: 

Големото финале се игра вечерва, во кое Македонија ќе игра против репрезентацијата на Данска.