Украинците преку Хрватска среде Сплит ја освоија Златната лига

Одбојкарската репрезентација на Украина го освои златниот медал на Златната европска лига, откако во финалето беше подобар од домаќинот на завршниот турнир Хрватска со 3-1.

Финалниот натпревар кој се одигра во салата „Градски врт“ во Сплит мина во знакот на гостинот кој имаше аутсајдерска улога. Хрватите отворија со 25-23 и поведоа, но тогаш следеше пресврт. Украина го освои вториот сет со 19-25, третиот со 26-28 и четвртиот со 19-25, што ѝ беше доволно за златниот медал. 

Претходно во „малото“ финале селекцијата на Чешка ја победи Естонија со 3-2. 

Инаку во ова издание на Златната лига играше и Македонија. Нашата репрезентација финишира на десеттото место (од вкупно дванаесет селекции) со една победа над Азербејџан и пет порази, како и сет-количник од 9-15.