УГС Студент последен Куп-четвртфиналист по трилерот против Ускана

Вечерва во Штип љубителите на спортот уживаа во ретко видена одбојкарска претстава. Скоро три часа траеше последната средба од четвртфиналето на Купот меѓу УГД Студент -Жени и Ускана. Во одлична одбојкарска претстава во баражот, штипјанки го скршија отпорот на гостинките од Кичево и славеа со 3-1 (23-25, 28-26, 25-9, 25-16).

Со оглед дека во Првата лига сезонава настапуваат единаесет екипи, седум веќе беа во четвртфиналето. УГД Студент - Жени се најде четвртфиналното друштво со Работнички – Жени, Работнички – Скопје, Наковски волеј, Пелистер волеј, Виктори волеј и со Јанта волеј.

Ждрепката за четвртфиналето е предвидена за следната недела.