УГД Студент и Јанта волеј последни четвртфиналисти на одбојкарскиот Куп

Подобропласираните екипи во првенството ја искористија предноста на домашниот терен и поголемиот квалитет, па лесно се пласираа во четвртфиналето на машкиот одбојкарски куп на Македонија.

Јанта волеј и УГД Студент им се придружија на Џио Струмица, Универзитет во Тетово, Вардар, Весна Пробиштип, Лирија и на Шутова, кои имаа директен влез во сегментот за најдобрите осум поради пласманот во есенскиот дел од Првата лига

Јанта волеј – Дибра волеј 3:0 (25-20, 25-17, 25-21)
УГД Студент – ГОК Борец 3:0 (25-21, 25-11, 25-16).