• Мартин Танасковски
Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип одигра далеку подобар дуел во реваншот со Орион Старс, освои два сета, но загуби со 2-3 (25-23, 20-25, 25-21, 10-25, 10-15) и заврши со настапот во Лигата на шампионите.
Нашиот првак на домашен терен во салата „Џексон“ во Штип отвори многу подобро и го доби првиот сет со тесна разлика и подобра концентрација во клучните моменти при сервисот.
Орион Старс во вториот сет славеше со пет поени разлика (20-25), а откако УГД Штип го доби третиот (25-21), следеше слаб четврти сет (10-25) и мечот го реши петти сет, во кој подобар беше ривалот.
Александар Љафтов имаше 17 поени за македонскиот тим, додека Стојан Илиев додаде 15 поени. Кај Орион Старс, Воутер Тер Мат постигна 22 поени.