УГД Штип ѝ зададе втор удар на Струмица и го презеде првото место

Екипата на УГД Штип е лидер во македонската одбојка. Тимот вторпат славеше над актуелниот првак Струмица и скокна на првото место, кое носи предност на домашен терен во плеј-офот за титула и место во еврокуповите.

Натпреварот во Штип заврши со резултат 3-1 за домашните, или 25-20, 28-26, 18-25, 25-19 по сетови. Домашниот тим покажа повеќе квалитет и го искористи хендикепот на струмичани кои се без двајца играчи кои заминаа на операција.

Задмард со 21 поен беше најефикасен кај Штип УГД, додека кај Струмица како најефикасен беше капитенот Владо Милев со 13 поени.