• Мартин Танасковски
Екипата на УГД Штип гради тим за новата сезона во македонската одбојка во која сака да ја прекине доминацијата на Струмица и донесе двајца странски одбојкари за да го подигне квалитетот.
Освојувачот на Купот на Македонија ги претстави Георги Багаев од Белорусија и Виктор Гомес од Бразил. Багаев игра на позицијата примач, додека Бразилецот Гомес е среден блокер. Двајцата веќе од следната недела му се приклучуваат во тимот.
Од УГД Штип кажаа дека се задоволни од ангажманот на двајцата одбојкари и очекуваат да го подигнат нивото во сезоната која следи.