Турнирот „Бранко Хаџииљоски - Чајка“ и годинава сервис на репрезентацијата

Традиционалниот одбојкарскиот турнир „Бранко Хаџииљоски - Чајка“ и оваа година целосно ќе се стави во интерес на националната репрезентација. 44-тото издание. на турнирот ќе биде подготовка за квалификациите за Европското првенство во месец јануари 2021 година. 

Традионален одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски - Чајка“ 2020
28.12.2020 - 18:00 - Македонија - Бугарија
29.12.2020 - 16:00 - Македонија - Бугарија

На 29 и на 30 декември репрезентациите на Македонија и на Бугарија ќе одиграат два теста како дел од турнирот. Овие натпревари се можност стручниот штаб да ги провери силите пред квалификациите. Од 11 до 16 јануари, во Скопје ќе се одржи квалификацискиот турнир, на кој ќе ни гостуваат Турција и БиХ.