Турција со сигурен триумф над Полска обезбеди пласман во полуфиналето на ЕП

Репрезентацијата на Турција се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во одбојка за жени, откако славеше над Полска со 3-0, по сетови 25-23, 25-22, 25-18. 

Полските одбојкарки прикажаа солидна игра во првите два сета, но не успеаја да го направат клучниот исчекор кој ќе им донесеше барем еден сет во нивна полза.

Турчинките умешно го искористија моментумот и сосема заслужено обезбедија пласман меѓу четирите најдобри на континенталниот собир. 

Турција во мечот за пласман во финалето ќе се сретне со силната Италија, додека втората полуфинална двојка ќе ја сочинат Холандија и подобриот од дуелот меѓу Србија и Чешка.