Турчинките се вратија од 0-2 и го добија трилерот со Холандија

Во најдраматичниот натпревар во досегашниот тек на женскиот одбојкарски турнир, Турција се врати од 0-2 и ја совлада Холандија со 3-2 (19-25, 19-25, 25-22, 25-22, 15-13), во вториот натпревар од првото коло во групата Ц. Дуелот траеше повеќе од два часа и преку 5.000 гледачи и навивачи на двете селекции уживаа во одбојкарскиот спектакл.

Многу лошиот почеток ги чинеше турски одбојкарки веднаш загубен сет. Тие постојано го ловеа холандското водство и не се ни доближија до противникот. Така, резултатот 25-19 покажува дека драма и неизвесност не постоше. На крилата на тој ентузијазам, Бујс и Лохујс изградија стабилна предност од 7-2 и 19-11 и вториот сет како да беше копија на првиот (25-19). 

Сосема поинакво беше сценариото во третиот сет. Турчинките, водени од Баладин и натурализираната Варгас, постојано беа во егал. Резултатот скоро постојано беше изедначен, но по вториот технички тајм-аут два блока на Варгас ја направија разликата и ги оддалечија Турчинките на +4. Сепак, Холанѓанките се вратија до 22-22 и донесоа драма. Тогаш настана нов пресврт и со серија 3-0, Варгас и соиграчките го завршија сетот во полза на турската селекција (22-25). 

Третиот сет не беше единствен блесок на турските одбојкарки. Бајхен и Тимерман беа најзаслужни за предноста од +4 на Холанѓанките, за психолошката предност во четвртиот сет. Сепак, по вториот технички тајм-аут холандскиот напад затаи, Турчинките направија серија 7-2 и го добија сетот со 25-22. Следеше драма во петтиот сет. Холанѓанките побегнаа на 6-2, но следеше серија 5-0 на турската селекција и прво нивно водство во одлучувачкиот сет. Во игра поен за поен, Турчинките направија „брејк“ при 10-10 и го добија сетот со 15-13.

Во првиот натпревар од првото коло во групата Ц, вчера Италија во четири сета ја совлада Доминиканската република.