Турција покажа сила против Канада за полуфинале во Лигата на нации

Женската репрезентација на Турција ја совлада Канада во четвртфиналето од Лигата на нации со убедливи 3-1, или по сетови 22-25, 25-21, 25-21 и 25-17. 

Иако Канаѓанките го добија првиот сет во своја полза, Турција потоа заигра во посакуваниот ритам и обезбеди учество меѓу четирите најдобри селекции. 

Канада се обиде да остане во игра во вториот и третиот сет, имаше и свои моменти, но Турчинките решија да не дозволат нова непријатност и сосема заслужено го заокружија триумфот. 

Во полуфиналето, Турција ќе се соочи со подобрата репрезентација од дуелот помеѓу САД и Кина. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат селекциите на Бразил и Италија.