• Зоран Мишевски

Фаворизираната Турција ја забележа втората победа на женскиот одбојкарски турнир во Париз. Еден од фаворитите од сенка за медал, пак го загуби првиот сет, како против Холандија, но покажа карактер и чист квалитет и лесно ги доби наредни три во дуелот против Доминиканската република. За неполни два часа турските одбојкарки славеа со 3-1 (21-25, 25-18. 25-22, 25-15).
Како и против Холандија, турскиот состав започна лошо, деконцентрирано и во првиот сет доминираа само Доминиканките, Брзо дојдоа до +5 и не ја испуштија предноста до крајот (21-25). Сепак, брзо се средија одбојкарките на европската селекција и во вториот сет заличија на себе. До првиот технички тајм-аут имаа +4 и без драма го добија сетот со 25-19.
Баладин и Ѓунеш моќно го отворија и третиот сет и Турција побегна на 14-7. Блокот донесе многу поени и како фотокопопија на вториот сет, Турчинките лесно го приведоа овој дел при крај и првпат поведоа во натпреварот (25-22). Кога четвртиот сет започна со 6-1 за Турчинките, беше јасно дека натпреварот се ближи кон крајот. На втората задолжителна пауза беше 16-11, а на крајот последниот сет заврши со 25-21.
Во вториот натпревар од второто коло во оваа група попладнево Италија се среќава со Холандија.