Турција лесно ја среди БиХ пред премиерата со Македонија

Одбојкарската репрезентација на Турција во добро светло ги отвори квалификациите за Европското првенство (ЕП) и со сигурни 3-0 во сетови (25-15, 25-17, 25-18) славеше над селекцијата на БиХ.

Босанците претходно загубија од Македонија, ама успеаја да освојат сет, додека со разиграните Турци немаа шанси и ниту еднаш не беа во можност да дојдат до посакуван резултат.

Турција во следното квалификациско коло ќе игра против Македонија. Дуелот е закажан утре (среда) од 18:00 часот. И двете селекции имаат по една победа, додека БиХ е последна со два порази.

Најдобрата селекција во квалификациската група патува на ЕП, а исто така место на собирот ќе имаат и петте најдобро второпласирани репрезентации.