Турција ја надигра Полска и закажа натпревар за златото со европскиот првак Србија

Домаќинот Турција никогаш не бил поблиску до европско злато во одбојка во женска конкуренција. Утре во натпреварот за златото Турчинките во Анкара ќе се соочат со бранителките на титулата, одбојкарките од Србија.

Во второто полуфинале на континенталниот собир за скоро два часа борба Турчинките ја надиграа Полска со 3-1 во сетови (25-17, 25-16, 14-25. 25-18). Сите четири сета беа нерамноправни, посебно оние кои ги освојуваше домашната селекција.

  • Извештај од натпреварот: 

Финалниот натпревар меѓу Турција и Србија се игра в недела од 18:30 часот. а претходно во 16:00 часот ќе се одигра натпреварот за третото место меѓу Италија и Полска.