Турција ги надигра Бразилките и го освои трофејот во Лигата на нации!

Репрезентацијата на Турција го освои трофејот во женската Лига на нации, откако во големото финале ја надигра селекцијата на Бразил со 3-1 во сетови (23-25, 25-23, 26-24 и 25-21). 

Бразилките одлично го отворија натпреварот и го освоија првиот сет, но потоа Турција заигра најдобро кога беше најпотребно и успеа да стигне до златниот медал. 

Беше видена огромна борба во сите сетови, па иако Бразил даде силен отпор, Турчинките беа подобар ривал и заслужено се закитија со најсјајното одличје во ова натпреварување. 

Мелиса Варгас одново беше најдобра во победничкиот состав со дури 33 поени зад своето име, а Ханде Баладин додаде уште деветнаесет. Во тимот на Бразил, прво име беше Ана Кристина со 25 поени. 

Во мечот за бронзениот медал, победник беше селекцијата на Италија, која со 3-1 ја совлада репрезентацијата на Кина (25-16, 23-25, 25-22 и 25-13).