• Мартин Танасковски

Женската одбојкарска репрезентација на Турција направи голем подвиг и се пласира во финалето на Европското првенство (ЕП) за одбојкарки кое се игра во Брисел, Белгија.
Во полуфиналниот дуел Турчинките беа подобри од Италија со 3-2 во сетови (18-25, 25-23, 15-25, 25-22, 15-6). Дополнително на тежина овој триумф добива затоа што Турција, практично, беше во бездна затоа што губеше 17-20 во четвртиот сет, но откако израмни на 20-20, беше 22-22, кога се направи серија од три поени за израмнување и „златен сет“ во кој тимот беше доминантен.
Феноменален натпревар во дресот на Турција имаше Мелиса Тереза Варгас која мечот го заврши со 26 поени и успеа да го засени доброто издание на Италијанките Паола Егону со 25 поени и Елена Пјетрини со 17 поени.
Во финалето Турција ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу Србија и Холандија.