Три Србинки во идеалниот тим на деценијата на европската женска одбојка 

Европската одбојкарска федерација, по консултација на врвните тренери за женска одбојка, Гер ван дер Брук, Џовани Гуидети и Светлана Илиќ, ги избраа најдобрите одбојкарки на деценијата во Европа.

Хрватката Маја Полак. Србинките Тијана Бошковиќ, Милена Расиќ и Маја Огњеновиќ, Италијанката Франческа Пичинини и Турчинката Гезде Кидар се избраните шест одбојкарки кои се најдобри на своите позиции. 

Сите се европски шампионки или со клуб или со репрезентација и долго траат во периодот меѓу 2010 и 2020 година.