• Саше Љолес
Македонската одбојкардка федерација пријави три репрезентации за учество на Балканските шампионати кои ќе се одржат во текот на летниот период.
Беше донесена одлука на Балканијадите да учествуваат женските репрезентации до 16 и 19 години, како машката селеккција до 19 години. Турнирите ќе се одржат во Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.
Воедно, нашата федерација традиционално ќе биде домаќин на БВА шампионат во одбојка на песок. На овој настан ќе учествуваат екипи во машка и женска конкуренција, со возраст до 22 години. Шампионатот ќе се одржи од 25 до 27 јуни годинава.