ФОТО: Тресеше мрежи за европскиот првак Вардар, а сега е во нов спорт

Многу имиња продефилираа низ европскиот првак Вардар. Некои си заминаа од Македонија, некои останаа да живеат тука, а еден од оние кои повторно е во Скопје и покрај крајот на кариерата е Сергеј Горбок.

37-годишниот лев бек објави пензија по крајот на ланската сезона, но и покрај тоа е во Скопје. И тоа инволвиран е во друг спорт. Горбок е дел од женскиот одбојкарски прволигаш Јанта Волеј, каде работи како кондициски тренер.

Во Јанта Волеј одбојка игра и неговата ќерка. Белорускиот ракометар со руски пасош играше за Вардар во два наврати, првиот од 2014 до 2016 и вториот од 2018 до 2020 година.