ВИДЕО: Траеше скоро една минута и имаше фудбалски елементи – поен за историја на СП во одбојка!

Во тек е Светското првенство во одбојка, кое за првпат се одржува во две земји - Бугарија и Италија, а почетокот на истото наговестува спектакуларен турнир.

Од самиот почеток се играат интересни и спектакуларни натпревари, а одбојкарите на Канада и Египет се чини со право го понесоа епитетот на најдобро одигран поен во текот на досегашниот тек на шампионатот. Се играше вториот сет, кога и двете репрезентации одиграа спектакурен поен, во кој имаше и елементи од фудбал, а траеше повеќе од 40 секунди и сигурно дека е еден од најдобрите поени во историјата на Светските првенства.

На крајот Канада славеше убедлива победа од 3-0 и со максимален ефект по првите две кола се искачи на лидерската позиција во групата Б.