ВИДЕО: Тони Стојановски со нов легендарен коментар по пласманот на одбојкарите на ЕП!

Она што пред некој месец им успеа на фудбалерите, овој пат го направија одбојкарите. Ќе играат на Европското првенство (ЕП), а коментаторот Тони Стојановски на националниот сервис имаше нов легендарен говор.

>>> МАКЕДОНИЈА Е НА ЕП: Турција на колена пред нашите „спартанци“!

Колегата повторно говореше со големи емоции, исто како и по натпреварот во Грузија на фудбалерите и кажа дека оваа е историска година за македонскиот спорт. Тој испрати и порака - „Луѓе мои, политичари, учете од овие момци што се борат за Македонија со целото свое срце...!“.

  • Говорот на Тони Стојановски по пласманот на одбојкарите на Европско првенство:

Ова е втор пат одбојкарите да играат на континентален собир, по дебитантскиот настап лани во Словенија. Во квалификациите во Скопје, Македонија забележа три победи (две над БиХ и Турција) и еднаш загуби (Турција).