Одбојкарската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Словачка со 1-3 во сетови (17-25, 25-21, 22-25, 22-25) во вториот контролен натпревар во рамки на 45. традиционалниот меморијален одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. На овој натпревар се покажаа доста слабости на одбојкарската селекција, па селекторот Николиќ ќе има шанса да ги поправи сите аномалии пред Европското првенство (ЕП) кое се игра во повеќе земји, а нашата група ќе биде во Финска. Клучен за поразот беше третиот сет во кој македонските одбојкари не искористија предност од 17-9, Словачка се врати со серија од 14 поени и ги откажа македонските одбојкари. На овој дуел се промовираа нови „војнички“ дресови.