Тили и Терзиќ прогласени за одбојкарски тренери на годината

Селекторот на женската одбојкарска репрезентација, Зоран Терзиќ е прогласен за најдобар тренер во Европа во 2021 година. Ова признание му беше доделено од Европската одбојкарска конфедерација на редовниот годишен конгрес.

Терзиќ освои бронзен медал со селекцијата на Србија на Олимписките игри, а потоа и сребро на Европското првенство во Белград.

Кај мажите за најдобар е избран поранешниот селектор на Франција, Лоран Тили, кој стигна до златото во Токио со „галските петли“ и потоа му ја отстапи функцијата на Бернардо Резенде.