Тетовските клубови јасни фаворити во десеттото коло

Водечкото место на екипата на Струмица 47&72 нема да биде доведено во прашање без разлика на резултатите од другите натпревари од десеттото коло во Првата македонска машка одбојкарска лига. Актуелниот првак досега оствари максимални седум победи, а со две помалку се дури четири тима, меѓу нив и Лирија, која е противник на струмичани во оваа рунда од шампионатот.

Одложен е и мечот меѓу Шкендија и Весна Пробиштип, исто така, со влијание на горниот делна табелата затоа што тетовци се на биланс 5-2, а „зелено-црните“ славеа трипатии се уште имаат шанса за пласман меѓу првите шест, а со тоа и во Втората фаза-1 напролет.

Со таква амбиција е и Вардар кој е во серија од три успеси и доколкусе радува против Македонија Џио, што е реална опција, ќе има половичен ефект поосум натпревари, но и натаму ќе биде неизвесно дали ќе влезе во елитниот дел. Засега таму е Штип УГД, кој е слободен, а пет победи пред гостувањето кај Јанта волеј има и ГОК Борец.

Прва лига (м)
Десетто коло:

Струмица 47&72 – Лирија                               одложено
Шкендија – Весна Пробиштип                        одложено              
Универзитет во Тетово – Дибра волеј            сабота, 19:00
Вардар – Македонија Џио                               сабота, 18.00
Јанта волеј – ГОК Борец                                 сабота, 20:00
Слободен: Штип УГД