• Мартин Танасковски

Женската сениорска репрезентација по долго време се враќа на натпреварите и прв предизвик за овој млад тим ќе биде Сребрената Европска лига. Во име на Македонија пред настапите говореше Теа Терзиевска, која кажа дека шансата да се претставува државата по долги години пред своја публика е прекрасна.
„По многу години добивме шанса да ја претставуваме нашата земја Македонија на едно интернационално натпреварување. Напорно се тренира и работи, се очекуваат сите натпревари со нетрпение и се надевам дека се ќе биде во наша корист. Сакаме добри натпревари и оваа Сребрена лига да биде убав настан за нашата публика. Пресреќни сме што ја имаме шансата да играме за националниот тим, а ние ќе се обидеме да ја искористиме максимално и сето тоа да биде убаво прикажано“, изјави Терзиевска.
Сениорките во Европската лига играат со Австрија, Естонија и Летонија, а натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во периодот од 27 мај до 18 јуни.