Терзиевска: Штета што не игравме постојано на ова ниво, бевме солидно против Бугарија

Откако ја совладаа Албанија со 3-0 и загубија на ист начин од Босна и Херцеговина, македонските кадетски одбојкарски репрезентативки денес претрпеа пораз од Бугарија со 3-0 (25-17, 25-17, 25-7) во последното коло од групата А на Балканијадата во Лукавац. За разлика од вчерашниот дуел со домаќинот на турнирот, нашите девојки денес одиграа два квалитетни сета против фаворизираниот противник, а потоа немаа сили за да парираат во третиот сет.

„Игравме пожртвувано, без преголем респект кон Бугарките кои сигурно се во најтесниот круг за освојување на златнот медал. Штета што немавме сили да одиграме на исто ниво до крај, но и без тоа, добивме честитки за денешниот настап“, рече координаторката за женска одбојка Емилија Терзиевска.

Македонските кадетки го освоија третото место во групата, така што немаат можност да бидат полуфиналистки, а утре и в сабота ќе разигруваат за пласман од петтото до десеттото место.