• Мартин Танасковски
Сергеј Горбок остави голема трага во Вардар со кого стана европски шампион. Рускиот ракометар и по крајот на кариетата остана да живее во Македонија со семејството, а неговите ќерки одбраа да играат за нашата земја во спортот.
На новиот список на селекторот Милош Гавриловиќ се најдоа девет дебитантки, а меѓу нив се сестрите Сара и Даниела Горбок. Двете настапуваат за скопскиот прволигаш во одбојка Газели Волеј.
Двете се близначки, родени во 2009 година. Имаат по 17 години, а наместо Русија, во иднина ќе го носат сениорскиот дрес на Македонија. Даниела и Сара играат на позицијата напаѓач. Горбок баш во вториот мандат кога играше за Вардар се врати во Македонија заради семејството.
Исто така, некогашниот ракометар на Вардар по пензијата од 2020 година работеше и во македонската одбојка како кондициски тренер во Јанта Волеј.
Сергеј Горбок играше за Вардар во два мандати, од 2014 до 2016, па од 2018 до 2020 година. Ги носеше и дресовите на Акратрон Минск, ЗТР Запорожје, Целје, Рајн Некар Левен, Чеховски Медведи и ПИК Сегед.