Светските првенства во одбојка ќе се преименуваат во Светски Куп

Голема промена во светот на одбојката е донесена на административниот одбор на Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ). Светските сениорски првенства во машка и женска конкуренција во иднина ќе се одржуваат под името Светски Куп.

Во исто време, досегашните натпреварувања под името Светски Куп, кое последен пат се одржа во 2019 година, како и Светскиот Куп на шампионите, одигран последен пат во 2017 година, заминуваат во историјата.

Новото име ќе се користи за првпат на турнир за одбојкарки, кој ќе се одржи во САД и Канада во 2027 година, како и на турнир во машка конкуренција, чиј домаќин истата година ќе биде Полска.